Петгодишно момче кое единствено преживеало од падот на кабината на жичарницата на северот од Италија, се разбудило и треба наскоро да биде пуштено од интензивна нега, објави болницата во Торино.
Момчето е во сериозна состојба од несреќата во која загинаа 14 патници при падот на кабината на жичарницата, вклучувајќи го и неговото семејство со неговиот двегодишен брат.
„Ејтан сега е буден и свесен на одделот за интензивна нега, разговарајќи со неговата тетка“, изјави портпаролот на болницата „Регина Магерита“ во Торино.
Од клиничка гледна точка, како што рече портпаролот на болницата, момчето е „сè уште во критична состојба поради траума на стомакот и градите и неколку скршеници“, но во наредните денови ќе биде пуштен од интензивна нега.
Полицијата уапси три лица за пад на кабина на жичарница во регионот Пиемонт во неделата.
Во кабината имало 15 лица, а за време на несреќата жичарницата се движела од градот Стреза кон планинскиот врв Моторонеш.
Како дел од истрагата, полицијата ги уапсила инженерот на жичницата, директорот на службата и оперативниот началник на службата.
Истражителите открија дека системот за сопирање е „поставен“ со цел да се избегне доцнењето на жичницата, изјави јавниот обвинител Олимпија Боси за агенцијата АНСА.