Се разведоа : Путин се разљуби со Никита Михалков

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Сергеј Федотов е јаболко на раздорот меѓу двајцата, смета политикологот Илја Гращенков

1468471652-putin-i-mahalkov

Големиот Никита Михалков, кој обично  ги покажувал своите филмови прво на Владимир Путин на семејна вечера, а потоа на целиот свет, се судрил со рускиот претседател. Односите им се затегнати уште од пролетта и е можно режисерот на “Сибирскиот  бербер” да емигрира во друга земја, тврди политикологот Илја Гращенков пред “Ura.Ru” .Причината според него е следнава: Михалков  се потрудил да  ја омекне мерката и евентуалната пресуда за генералниот директор на руското авторско друштво Сергеј Федотов. Сергеј беше уапсен под сомневање за измама во многу големи димензии. Една од верзиите на истрагата е дека Федотов ја оштетил компанијата со 500 милиони рубљи и наместо тоа е фаворизирана негова сопствена компанија. Михалков сепак бил многу близок до Федотов и според критичарите на режисерот двајцата во последно време правеле далавера за огромни суми во офшорки. Путин сепак решил да ја  расчисти уметноста и  империјата која Никита  со години  ја создава во Русија.

“Во моментов се забележува силно собирање  на елитата, старците се менуваат со новата интелигенција, кои најверојатно ќе бидат со уште поостри заби. Никита Михалков нема како да не падне жртва на овој процес кој е неизбежен”, додава уште Илја Граштенков. Никита Михалков за првпат не се појавил на отворањето на филмски фестивал во Москва, што дополнително се засилија сомнежите дека се чувствувал несакан  од претседателот. “На сите им се чинеше супер чудно. Подоцна се пушти и верзија дека тој е болен”, пишуваат уште медиумите во Русија за носителот на “Оскар”. Неодамна тој беше објавил дека ќе гради ски-центар, кој ќе вклучува бојно поле со кулиси од воените му филмови и дури цели тенкови. Идејата му е додека се одмараат, младите да научат нешто за историјата.