Се разведува Џулија Робертс: Развод вреден 200 милиони долари

374 прегледи

Холивудската актерка Џулија Робертс (52), според пишувањата на странските медиуми, се разведува од својот сопруг Даниел Модер (50).

Имено, анонимен извор за „National Enquirer“ изјавил дека сопружниците се на работ на развод кој би можел да ги чини 200 милиони долари, поради расправија за време на прослава, а причината била неговиот недоволен труд околу организирање на истата.

– Џулија очекувала голема прослава за роденденот, а Дени потполно потфрли, па таа го обвини дека воопшто не е заинтересиран за неа. Расправијата брзо ескалирала, а кулминирала така што Даниел бил исфрлен од нивниот заеднички дом – рекол изворот близок на парот.

Анонимецот исто така изјавил дека години уназад, тие на различни начини се обидувале да го спасат 17-годишниот брак, но ништо не испаднало ефективно. Исто така, изворот тврди дека нивната љубов била една од оние со рок на траење.

Слични содржини