Се разведува ѕвездата од „Американска пита“: Откриени детали од предбрачниот договор

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Шон Вилијам Скот и дизајнерката на ентериер Оливија Коренберг се венчаа во 2019 година, а според магазинот People, парот се разведува.

Повикувајќи се на судски документи, американскиот актер како причина за разводот ги навел „непомирливите разлики“.

Според документите, ѕвездата од „Американска пита“ и неговата сопруга Оливија се разделиле минатата година. Документите за развод наводно биле поднесени во Лос Анџелес, пишува Page Six.

Скот би требало да поднесе барање за заедничко старателство над ќерката Френки Роуз (3), која е родена во 2020 година.

Во барањето за развод се наведува поделбата на имотот, како што е накитот, кој е во заедничка сопственост. Според странските медиуми, сите приходи и заштеди кои дошле пред, за време и по бракот му припаѓаат исклучиво на него и тоа е во согласност со нивниот предбрачен договор, а сите останати средства или долгови се поделени според неговите барања.

Култната тинејџерска комедија „Американска пита“ заработи повеќе од 235 милиони долари (околу 219 милиони евра) ширум светот и му помогна на Скот да стекне светска слава.

Слични содржини