Се разведува ќерката на Пол Вокер

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Ќерката на починатиот актер Пол Вокер, Медоу Вокер, сподели со своите следбеници дека се разведува од сопругот Луис Торнтон-Алан по три години брак.

Во објава на Инстаграм таа напиша дека одлуката е обострана и дека одлучиле да останат пријатели.

„По три прекрасни години брак, се договоривме спогодбено да се разделиме. Ова е навистина заедничка одлука и искрено се надеваме дека секој може да ги почитува нашите желби за приватност. Ја одржуваме взаемната љубов и почит еден кон друг и ќе продолжиме да се поддржуваме“, напиша манекенката во објавата која ја сподели со повеќе од четири милиони следбеници.

Да потсетиме, на нивната венчавка кум беше Вин Дизел, кој глумеше со нејзиниот татко во филмот „Брзи и бесни“. Дизел тогаш ја придружуваше Медоу до олтарот наместо нејзиниот татко Пол, кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година.

Слични содржини