Се разведуваат Ванда Нара и Мауро Икарди

од Stefanija Kuzmanovska

Аргентинската убавица Ванда Нара повторно одлучи да го напушти фудбалерот Мауро Икарди, овојпат изгледа многу посериозно од претходно.

На еден од најтаблоидните бракови во светот на спортот му дојде крајот! Мауро Икарди и Ванда Нара се разведуваат! Аргентинскиот фудбалер кој неодамна беше позајмен од ПСЖ на Галатасарај се уште чува заеднички фотографии на социјалните мрежи, но неговата сопруга повеќе не верува во помирување.

Очигледно разводот е единственото решение за бракот кој со месеци е во криза. Првите проблеми се појавиле во средината на октомври 2021 година, кога Ванда бурно реагираше на Инстаграм и навести дека го напушта фудбалерот. Икарди молеше за прошка, поради неа отпатува од Париз во Милано, негираше дека се гледа со аргентинската актерка Марија Суарез.

Следеше помирување десет дена подоцна, Ванда Нара повторно почна да доаѓа на фудбалските натпревари на клубот од Париз и сите помислија дека ситуацијата целосно се смири. Гласините за развод се појавуваа само повремено, но најмногу од аспект на тоа колку пари од богатството на Икарди ќе одат за жената која се грижеше за неговата кариера во последните години. За време на бракот со Мауро, Ванда стана и негов агент, па меѓу другото ги договараше условите за позајмица на Галатасарај.

За да биде комплетна оваа сапуница, развод мораше да побара и Мауро Икарди, но се чини дека неколку месеци подоцна тој е тој што повеќе ќе настрада доколку пропадне долгогодишната врска.

Слични содржини