Се редат критики: На Халанд не му се игра за репрезентацијата

од Nikola Popovski
40 прегледи

Репрезентациите на Норвешка и Казахстан одиграа натпревар без голови во првото коло од Лигата на нации, а посебно на мета на критики беше Ерлинг Хaланд.

Првата ѕвезда на норвешката репрезентација брилјира во тимот на Манчестер Сити, лани беше најдобар стрелец во Премиер лигата, но го критикуваат дека не е ниту пола мотивиран во репрезентативниот дрес.

Поранешниот селектор на „Викинзите“, Егил Олсен е еден од неговите најгласни критичари.

„Имаме тројца играчи од светска класа, но за жал Халанд сега беше далеку под тоа ниво. Ова беше веројатно едно од најлошите холандски изданија што сум ги видел. Мартин Едегар знаеше да блесне на моменти, но и од него сме виделе подобри настапи. Еден бод од овој натпревар е слаб учиник. Сепак, ниту другите селекции во групата нема лесно да победат против Казахстан“, изјави Олсен.

Интересно е што од противничкиот табор со потсмев ја коментираа играта на Халанд.

„Ми се чини дека во одредени делови од играта само шеташе по теренот. Освен што ја погоди стативата, не направи ништо посебно. Изгледаше сосема поинаку отколку во Манчестер Сити. Не влегуваше во дуели, можеби се обиде да се заштити“, изјавил казахстанскиот фудбалер Јусуп Шадиев.

Центарфорот со 24 години успеа да забележи 33 натпревари за Норвешка која вечерва игра против Австрија во второто коло од Лигата на нации.

Слични содржини