Се реконструираат сите мостови во Градскиот парк во Скопје

од Берта Китинска
328 прегледи

За првпат по неколку децении, Град Скопје со донација од Халкбанк целосно ќе ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк.

-Обновата на мостовите почна денеска и ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја што овозможува заштита од корозија, поставување рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби и други зафати кои ќе ги направат овие мостови побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави. Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца, велат од Град Скопје.

Слични содржини