Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели може да се повлече од таа позиција, иако сè уште нема официјална потврда, пренесуваат европските медиуми. Покрај тоа, Ањели служеше како потпретседател на Суперлигата, натпреварување од кое клубовите започнаа масовно да се повлекуваат во вторникот.
Иако е близу до оставка, клубот сепак го поддржува првиот човек на „Старата дама“, а истото го стори и тренерот на тимот и играчката легенда – Андреа Пирло.
Овој редослед на настани не е толку изненадувачки, бидејќи директорот на Манчестер Јунајтед, Едвард Вудвoрд, и еден од клучните луѓе зад европската Суперлига, поднесе оставка во вторникот.
Ањели има 45 години, тој е еден од членовите на добро познато индустриско семејство, кое со децении управува со славниот клуб од Торино, а е во управата на Јувентус од 2021 година.
Членовите на управата на Суперлигата ќе се сретнат доцна во вторник навечер, а останува да видиме како ќе реагираат на фактот дека неколку екипи веќе одлучија да се повлечат од натпреварувањето, кое не е ни започнато.