603
Нермин Сулејмановиќ, бодибилдерот и фитнес тренерот кој денеска уби три лица во Градачац во БИХ, се самоуби, потврдиле за порталот „Аваз“ од полицијата. Тој се самоубил пред очите на полицајците.
Сулејмановиќ денеска во својот крвав пир ја уби сопругата и уште две лица и сето тоа го пренесе во живо на социјалните мрежи. Тој потоа уште еднаш се огласи во живо и кажа дека бебето е живо.
„Убив син и татко. Не знам како ми се испречија. Ја убив жената, и се надевам дека убив и полицаец. Бебето е живо“, рече Сулејмановиќ.
Тој ѝ бил познат на полицијата од претходно поради кривични дела. Против него била распишанаС и меѓународна потерница.