Се самоуби синот на пратечничка на Полска, бил жртва на педофилија

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Право и правда (ПиС), владејачката партија во Полска, се најде на удар на критики поради смртта на 15-годишниот син на пратеничка од опозицијата, кој се самоуби откако беше идентификуван како жртва на педофил во извештај на државната радио станица. Магдалена Феликс, претставничка на Граѓанската платформа, минатата недела објави дека починал нејзиниот син Миколај.

Вчера во полскиот парламент беше одржано едноминутно молчење за време на погребот на 15-годишникот.

Миколај извршил самоубиство неколку недели откако Радио Шчечин, дел од државната полска радио мрежа, откри детали за жртвите во извештајот за осудениот педофил, што овозможи Феликс лесно да биде јавно идентификуван, пишува „Гардијан“.

Лани во декември радиото ја откри возраста на малолетниците и дека една од жртвите е син на пратеничка. Тие наведоа и дека осуденото лице, чие судење се одржа зад затворени врати во 2021 година за да ги заштити своите жртви, е поранешен член на Граѓанската платформа и кандидат на изборите и ЛГБТ активист. Приказната потоа беше објавена од други државни медиуми.

Слични содржини