Двајца мигранти се запалиле денес во Идомени во близина на грчко-македонската граница, во знак на протест поради затворањето на балканската рута, рекол портпаролот на UNHCR во Идомени, Бабар Балок.
Балок за ТВ Нова рекол дека повредените се префрлени во болница, но дека засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба.Тој се надева дека во иднина нема да се случува нешто слично, но дека не треба да не изненадуваат такви потези, со оглед на тоа дека луѓето се во очај.
Демонстрантите потрчаа кон него кога тој проба да се запали и фрлија ќебиња врз него за да ги згаснат пламените. Тој потоа беше однесен во амбулантно возило.
Тензиите растат во пограничниот камп кај Идомени откако договорот меѓу ЕУ и Турција не резултираше со она на што се надеваа бегалците: отворање на границите кон остатокот од Европа. Речиси 300 мигранти учествуваа во протестот на границата, трет во последниве 24 часа, во кој мажи, жени и деца викаа „Отворете ги границите“.
.”Поголема група бегалци протестираше денес на железничката пруга и најави штрајк со глад за да привлече внимание. Потоа бевме известени дека двајца од нив се запалиле изразувајќи револт”, изјавил Балок.
Тој рекол дека на грчко-македонската граница се наоѓаат околу 12.000 луѓе.Вчера грчкиот министер за миграција Јанис Музалас рече дека кампот ќе биде евакуиран најдоцна до април