194
Автомото сојузот на Македонија информира дека од денеска ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот.
Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.