СЕ СЕЌАВАМЕ: Денот на Републиката..Пионерите имаа титовки, црвена марама и книшка

од Берта Китинска
464 прегледи

29 ноември беше Денот на Републиката ,празник во поранешна СФРЈ

Денот на Републиката ја одбележувал годишнината од Второто заседание на АВНОЈ 29 ноември 1943, кога претставници на партизанското движење на отпорот прогласиле федерално уредување на Југославија и уставотворно собрание ФНРЈ на 29 ноември 1945 година.

Со распадот на СФРЈ, престана да се одбележува Денот на Републиката во сите републики на некогашната заедничка држава освен во Србија.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито“, а неретко децата во тие состави пишуваа дека го сакаат повеќе од мама и тато, без идеја зошто е тоа така. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Пионерска заклетва:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Слични содржини