210
Јелена Карлеуша денеска на Инстаграм ја следат повеќе од два милиона следбеници, а таа има објавено повеќе од 3.500 фотографии и видеа.
Но, на самиот почеток не било баш така. Таа постепено дошла до оваа бројка, а за тоа морала да се потруди. Профилот го отвори во 2012 година, а многумина воопшто не се сеќаваат која беше нејзината прва објава.
Се работи за фотографија од ќерките Атина и Ника, со едноставен коментар „Моето сè“. Интересно е што истата фотографија имала над 6.000 лајкови, но денеска Карлеуша на своите објави секогаш има над 50.000 лајкови, а некогаш таа бројка е и доста поголема.