Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека сегашната тензија помеѓу Русија и САД е можеби најсилната од 1973 година, соопшти БТА, цитирајќи го “Асошиејтед прес”. Според Чуркин сепак односите меѓу Советскиот Сојуз и Русија тогаш биле различни од сегашните руско-американски односи.

На 6 октомври 1973 година, Светиот ден Јом Кипур во еврејскиот календар, Египет и Сирија го нападнаа изненадувачки Израел. Според историчарите тогаш веројатноста да избувне војна меѓу Советскиот Сојуз, кој ги поддржуваше Арапите, и САД, кои беа најблискиот сојузник на Израел, била најголема по кубанската ракетна криза во 1962 година, забележуваат агенциите.
“Вкупната ситуација според мене сега е прилично лоша, можеби најлошо од 1973 година”, рече Чуркин пред новинарите во Њујорк вчера. “Но дури и да имаме сериозни тензии и разлики, како Сирија, продолжуваме да работиме на други проблеми, и тоа понекогаш прилично добро”, додаде тој.

Според него има голем број на работи кои ги влошиле руско-американските односи до сегашната ниска точка, на пример одлуката на САД и НАТО да ја подобрат својата безбедност “за сметка на Русија” со приемот во НАТО на многу источноевропски земји од поранешниот советски блок, како и повлекувањето на САД во 2001 година од договорот за противракетна одбрана.
Рускиот амбасадор вели дека една од најголемите провокации при управувањето на претседателот Џорџ Буш помалиот била самитот на НАТО во 2008 година, на која беше одлучено дека Грузија и Украина треба да станат членки на НАТО. “И што е најважно беше конфликтот, избувнат во источна Украина во април 2014 година, откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој беше сојузник на Москва, беше соборен од власт со големи протести”, истакна Чуркин. Според него тоа е државен удар, поддржан од САД.
Набргу потоа Русија го анектира украинскиот Кримскиот полуостров, на што Западот одговори со санкции против Москва, потсетува АП.
Амбасадорот увери дека Русија сака нормализирање на односите со САД. “Ако промената на власта помогне, одлично”, рече Чуркин.
Но дури Барак Обама да останеше претседател за уште еден мандат (нешто што уставот на САД забранува), “ние ќе бевме принудени да се обидеме да се вратиме на нормални односи”, рече рускиот амбасадор во ОН.