Актерката Кејти Сигал се стекна со светска популарност по улогата во познатата комедија „Married… With Children“, а на нашите простори позната уште и како „Во брачни води“.
Серијата се емитуваше цела деценија, а дејството кружеше околу семејството Банди, во кое главен е Ал Банди, поранешна рагби-ѕвезда, кој за својот неуспех ја обвинува својата сопруга Пеги.
Токму Пеги ја глумеше актерката Кејти Сигал. Ликот беше познат по својата специфична фризура и неработењето, но и големата желба за трошење на парите на својот сопруг. По оваа серија, таа стана позната актерка, но сепак Пеги остана прва асоцијација кога ќе се спомне името на Сигал.
Актерката одлично се снаоѓа во комедии, телевизиски серии, но и на музичката сцена. Приватниот живот ѝ е доста бурен, бидејќи неколкупати се мажеше, доби две деца, а со сегашниот сопруг Курт Слатер детето го добија со помош на сурогат мајка.
А, еве како изгледа Кејти денес. Кој би рекол дека тоа некогаш беше дотераната Пеги?