Се шири вирусот кој се смета за најсмртоносен во светот, однесе уште два живота

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Уште две лица починаа во Екваторијална Гвинеја како последица на хеморагична треска од вирусот марбург.

Станува збор за смртоносен вирус кој е од исто семејство како и вирусот ебола.

Вкупниот број на жртви од вирусот марбург во оваа африканска земја сега е 11, пренесува France24.

Пред два дена, системот за надзор на болеста регистрира осум случаи, вклучително и смрт на две лица со симптоми на вирусот, рече министерот за здравство Митоха Ондо Ајекаба.

Властите интензивно работат на утврдување на степенот на ширење на епидемијата, се вели во соопштението.

Досега се потврдени 48 случаи на лица кои биле во контакт со болни, од кои четири лица развиле симптоми, а три се во болнички карантин.

Марбург вирусот е исклучително опасен патоген кој предизвикува силна треска често придружена со крварење и откажување на органите.

Се смета за најсмртоносниот вирус во светот, имајќи предвид дека, според податоците на СЗО, убива до 90 отсто од заразените.

Во моментов нема одобрени вакцини или антивирусни третмани.

Слични содржини