Се снима филм за Одри Хепберн: Руни Мара како холивудската икона

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Познатиот режисер Лука Гваданињо, режисер на хитот „Call me by your name“ снима биографски филм за една од најголемите и најубавите актерки во светот – Одри Хепберн. За главната улога е избрана актерката Руни Мара, која ќе биде и еден од продуцентите. Засега не се откриени детали, но проектот е поддржан од Apple Studios, додека сценариото го потпишува Мајкл Митник („The Current War“), пишува NME.

Одри Хепберн (1929-1993) беше англиска актерка, модел и активист која остана запаметена по улогите во култни филмови како што се „Појадок кај Тифани“, „Празник во Рим“ (Оскар за најдобра главна женска улога и наградата Тони, со што е една од трите актерки кои некогаш ги освоиле двете награди во иста година) и „Смешно лице“.

Нејзината улога во „Сабрина“ и донесе номинација за Оскар и награда БАФТА за најдобра женска улога. Хепберн доби и „EGOT статус“, бидејќи ги доби наградите Еми, Оскар, Тони и Греми.

Руни Мара е номинирана за два Оскари за улогите во американската адаптација на „Девојката со тетоважа змеј“ и „Керол“. Актерката наскоро ќе ја види светската и домашната публика во новиот филм на Гиљермо дел Торо „Алејата на кошмарите“, чија премиера ќе биде кон крајот на овој месец.

Слични содржини