📸 Хоакин Феникс и Руни Мара го очекуваат второто дете: Актерката изненади на црвениот тепих

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната актерска двојка Руни Мара и Хоакин Феникс наскоро ќе добие уште едно дете.

Актерката Руни Мара во петокот се појави на премиерата на филмот La Cocina на Берлинскиот филмски фестивал и го покажа трудничкиот стомак.

Двојката претходно се немаше огласено во врска со тоа дека очекува уште едно бебе, па среќната вест ги изненади нивните обожаватели.

Руни и Хоакин се верија во 2019 година, а се запознаа во 2012 година на снимањето на филмот „Her“.

Нивниот син Ривер има четири години, а името го доби по неговиот вујко кој почина на 23-годишна возраст во 1993 година од предозирање со дрога.

Слични содржини