Се снима продолжение на Dirty Dancing со Џенифер Греј

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Греј, партнерката на Патрик Свејзи во романтичната драма Dirty Dancing, ќе се појави во продолжение на класикот од 1987 година, објави денеска филмското студио.

Греј исто така ќе биде извршен продуцент на филмот, кој ќе го режира Џонатан Левин, изјави Џон Фелтхајмер, извршен директор на Lions Gate Entertainment Corp.

„Тоа ќе биде романтичен носталгичен филм каков што чекаа обожавателите“, додаде тој.

Компанијата не објави детали, вклучително и кога ќе биде премиерата.

 

Слични содржини