Се сплеткал од лубеница во маркет, добил отштета од 7,5 млн. долари

од desk2
77 прегледи

Еден човек од Алабама се повредил додека купувал лубеница во Волмарт, еден од поголемите трговски синџири во САД, што сега мора да му плати отштета од 7,5 милиони долари.


Судот одлучи дека Волмарт во случајот бил немарен. Хенри Волкер неодална паднал и го скршил колкот додека купувал лубеница во продавница на Волмарт. Тој потоа го тужеше овој трговски синџир , а судот му додели отштета од 7,5 милиони долари.

Како што вели Волкер, неговата нога останала под палетата на која биле наредени лубениците, кога се обидел да дофати една лубеница.

Судот смета дека Волмарт требало да ја прекрие палетата и ништо да не може да помине меѓу нив.
Волмарт тврди дека палетите не се опасни, дека се разочарани од пресудата и дека ќе вложи жалба.