Се споделува ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО од Паркот на Пионерите: Студентите го прекинале протестот за да се спречи крвопролевање во режија на власта?

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Голем дел од српската јавност сметаа дека не е правилно што студентите го прекинаа протестот на 15 март и ги повикаа луѓето да се засолнат на безбедно – видео од Паркот на Пионерите што се шири на социјалните мрежи потврдува дека тоа била најдобрата можна одлука, пишува Нова.рс.

На сите им беше јасно дека во Паркот на 15 март имаше повеќе од „студенти кои сакаат да учат“, а сега на интернет се споделува видео од „тројански коњ“ – толпа маскирани насилници само го чекаат својот момент во мрак, додека полицијата заминува во колона, оставајќи ги граѓаните на нивна милост.

За многумина ова видео објасни зошто студентите предвреме „отсвиреа крај“ на најголемиот протест во Србија и ги замолија сите да го напуштат просторот околу српскиот парламент.

„Тоа што студентите ставија крај на протестот спаси животи на многу луѓе пред парламентот, граѓаните немаат шанса против убијци. Ви благодариме, @studentblokade, вие сте позрели од нас“, напиша Билјана Лукиќ споделувајќи го видеото.

За многумина, заедно со „звучниот удар“, ова видео е „непобитен доказ дека се подготвувало граѓанска војна и крвопролевање“, а јасно е дека студентите сакале да избегнат насилство – дури и со многу поголем број демонстранти, нема да можат да ги заштитат сите и би настанал хаос што секако би фрлил сенка врз сето она што го направиле досега.

„Ќе имавме шанса, имавме шлемови и бевме подготвени да се бориме, но ќе имаше крв до колена, а не знам до што ќе доведеше тоа. Значи, сета благодарност и љубов кон студентите“; „Ако сами го смислија, им симнувам капа и ова треба да се најде во сите адекватни учебници кои ја обработуваат темата на протестите. Бев навистина нервозен на враќање од Собрание во Славија и ми стана јасно дури по ова видео“, пишуваат луѓето.

Студентските редари беа подготвени за одговор од насилните власти, за што сведочи и напишаното на нивните раце тој ден, но во меѓувреме низ сите правилни потези покажаа дека се барем „10 чекори пред Вучиќ“, додава српска Нова.

Слични содржини