Тиаго Мота повеќе не е тренер на Јувентус и Старата дама веќе го претстави неговиот наследник, а разделбата со поранешниот стратег воопшто не била пријателска. Според „Газета дело Спорт“, конфликтот меѓу Мота и Кристијан Џунтоли, спортскиот директор на „старата дама“, кулминирал со острата изјава на првиот оперативец: „Се срамам што те избрав тебе“.
Заминувањето на тренерот го забрзаа двата тешки порази од Аталанта (0:4), а потоа и од Фиорентина (0:3). На вториот натпревар Мота наводно побарал реакција од играчите, но според италијанските медиуми, начинот на кој тој самиот реагирал на вториот последователен неуспех бил премирен и благ со оглед на тоа што го барала управата на клубот.
Минатиот вторник, Италијанецот со бразилско потекло се сретна со Џунтоли и Маурицио Скавина, извршниот директор на Јувентус, а за време на тој состанок спортскиот директор го обвинил Тиаго Мота дека не е способен да го натера тимот да игра убедливо и квалитетно, дури и рекол дека се „срами“ што го доел поранешниот тренер на Болоња.
– Немаше претходна намера за разрешување, но неубедливите одговори на Тиаго Мота ја отворија вратата за радикална одлука – наведува миланскиот весник во текстот.
Игор Тудор беше доведен на местото на Тиаго Мота, кој има јасно дефинирана цел, а тоа е да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.