Се сруши хотел во Кина полн со пациенти, кои биле во карантин поради коронавирусот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Хотелот од пет ката се сруши во Гуангжу, Кина.

Не е познато колку лица останале во урнатините, а досега евакуирани се 16 лица.

Хотелот „Синџа“ се сруши околу седум часот по локално време, а видеото објавено на социјалните мрежи покажува спасувачи кои пребаруваат по урнатините за да спасат преживеани.

Според некои кинески извори на медиуми, овој хотел се користел како карантин за пациенти поради коронавирусот .