Неколку лица се повредени, а повеќе од 1.000 се евакуирани кога за време на претстава се срушил покривот на театарот Пикадили во Лондон.
Тоа се случило синоќа за време на претставата „Смртта на трговскиот патник“ правена по дело на Артур Милер, во кој главната улога ја игра американскиот актер Вендел Пирс.
Пет лица се пренесени во болница, пренесе БиБиСи.
Во театарот се слушнале врисоци кога нешто по 20 часот по локално време се срушил дел од покривот на театарот.
Пирс кој ја игра улогата на трговскиот патник Вили Ломан, се извини за прекинот на претставата која на репертоар е од понеделникот.
Новинарот на БиБиСи Јан Хедоу кој бил меѓу публиката навел дека покривот се срушил околу 20 минути по почетокот на претставата. Тој навел дека пред рушењето течела вода која се претворила во јак млаз, како и дека заради работа на зградата биле поставени скелиња.