Се сруши зграда во Мајами, луѓе молат за помош од под остатоците (ВИДЕО)

од Берта Китинска

 

Дванаесеткатница делумно се сруши во Мајами синоќа, а на местото на несреќата присуствувале 80 противпожарни единици, објави противпожарната служба на Мајами на Твитер.

Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините има крици.

Снимките од местото на настанот покажуваат улица полна со остатоци од делумно урната зграда.Еден од сведоците рече дека видел како се спасуваат луѓе од балконот. На лице место е и полицијата која им помага на пожарникарите и службите за итни случаи.

Слични содржини