Се стопи снегот, поплави во Германија (ФОТО)

од desk2
140 прегледи

 

Поплави ги погодија градовите во Германија во западниот дел, откако некои реки се излеаја од коритата по повеќедневните врнежи и топење на снегот.

И пловидбата по реката Рајна е сопрена, а слична мерка за викендот може да биде преземена и во областа на Келн.

Патот во центарот на Хајделберг е затворен поради излевање на реката Некар, пренесе АП.

Во Санкт Блазијен поради поплавите и одроните евакуирани се 150 жители од тоа место, но набрзо се вратиле во своите домови.

Претходните денови снежна бура следена со ветрови со брзина и до 160 км/ч погоди делови на западна Европа, туркајќи дрвја и оневозможувајќи го сообраќајот. Три лица загинаа во невремето, додека најмалку 23 лица се повредени во Франција и во Швајцарија.

Во Германија автопатите во западниот дел на земјата делумно беа блокирани поради соборени дрвја и поплави, додека Зоолошките градини во Минхен и во Аугсбург во Баварска вчера беа затворени.