Се тестира лек за да се спречи згрутчување на крвта кај заболени од КОВИД-19

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Експериментален лек што може да спречи потенцијално смртоносно згрутчување на крвта поврзано со КОВИД-19 е во фаза на тестирање.

Студијата, финансирана од British Heart Foundation, ќе ја тестира теоријата дека згрутчувањата се предизвикани од хормонална нерамнотежа предизвикана од инфекција со коронавирус.

Во моментот се тестираат неколку лекови за да се спречат најлошите ефекти на болеста.

Една третина од хоспитализираните пациенти со коронавирус развиваат потенцијално опасно згрутчување на крвта.

Лекот, TRV027, делува на ребаланс на хормоните кои учествуваат во крвниот притисок, водата и солта. Научниците од Империјал колеџот во Лондон, вклучени во студијата, сметаат дека кога вирусот влегува во телото, го користи ензимот како „квака“ за да влезе во клетките. Но, тоа оневозможува ензим кој игра важна улога во балансирањето на клучните хормони.

Кога е надвор од рамнотежа, крвта може да стане леплива, што доведува до формирање на згрутчување. Се верува дека TRV027, чиј креатор ја освои Нобеловата награда за 2012 година, може да игра улога во креирањето на рамнотежата во хормоните.

„Многу од третманите за КОВИД-19 се фокусираат на воспалителниот одговор на телото. Но, хормоналната нерамнотежа е прилично различен проблем што може да одговори на прашањето зошто некои се разболуваат, а други не“, вели д-р Дејвид Овен, еден од главните истражувачи.

Според податоците на „British Heart Foundation“, згрутчувањето на крвта исто така може да објасни зошто КОВИД-19 особено влијае на луѓе кои веќе имаат кардиоваскуларни заболувања и покрај респираторните заболувања.

„КОВИД-19 е комплексно заболување кое влијае на многу системи во организмот, така што овој третман може да се користи во комбинација со други лекови“, вели д-р Кет Полок.

Приближно 60 пациенти ќе добијат нов експериментален лек или плацебо, почнувајќи од следниот месец.

Се покажало дека е безбедно кај пациенти со акутна срцева слабост, иако не бил ефикасен во лекувањето на оваа состојба.

TRV027 е само еден од неколкуте различни лекови што се тестираат за да се ублажат најлошите ефекти на болеста или да му се помогне на организмот да се справи со неа.

Најмалку 10 различни антивирусни лекови, вклучително и оние за третман на ХИВ, се истражуваат или тестираат за да видат дали тие би можеле да помогнат во борбата против болеста.

Никој сè уште не се покажа како ефикасен, иако сè уште постои надеж дека неколку би можеле да се искористат за да се скрати болеста кај пациентите.

Ремдесивир, лек кој покажа ветувачки ефекти, функционира така што напаѓа ензим што на вирусот му треба за да се размножува во клетките на телото.

Во меѓувреме, плазмата, течен дел од крв земена од луѓе кои се опоравиле од коронавирусот, исто така би можела да помогне. И голем број на други третмани се фокусираа на опасниот воспалителен одговор на телото во борбата против КОВИД-19, познат како „бура на цитокинин“.