Се трага по 36-годишен штипјанец, семејството апелира за помош

од Nikola Popovski
115 прегледи

На социјалните мрежи се шири апел од семејството на Владимир Бурев од Штип, кој од вчера, 12-ти јуни од 4 часот наутро е недостапен и не се јавува на телефон. Блиските замолуваат за какви било информации што би можеле да помогнат во неговото пронаоѓање.

Неговата мајка Благица Бурева во кратка објава на социјалните мрежи напиша:

„Мојот Владимир замина вчера рано наутро, ве молам за секаква информација. БЛАГОДАРАМ споделете“.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице.

Доколку некој го има видено или располага со информации за неговото движење, се повикува да се јави во најблиската полициска станица или директно да стапи во контакт со семејството.