Се трага по 68-годишната Зојка Луковиќ од Пинтија

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Шеесет и осумгодишната Луковиќ Зојка од скопската населба Пинтија е исчезната околу Нова година. Таа околу пладне на 31 декември, 2022 година излегла од дома и потоа и се губи секаква трага. На социјалните мрежи упатен е апел за помош до граѓаните дека жената е можно да се движела во околината на Драчево или Долно Лисиче.

„Изчезната 31.12.22 околу 12 часот. Скопје Црвена јакна и црвена капа.

Можни локации Драчево, Лисиче, Центар Молба до сите граѓани сите информации каде е забележана да се пријави на 192 или 071 334 736“, стои во апелот од семејството.

Слични содржини