Се трага по гостиварецот кој исчезна на Шар Планина

од Берта Китинска
161 прегледи

Полициски службеници, кучиња трагачи и хеликоптерска единица продолжуваат со потрага по повозрасен гостиварец кој вчера исчезнал на Шар Планина во атарот на селото Пожаране (гостиварско).

Според СВР Тетово, денеска од 7 часот утрото се пребарува поширокото подрачје на гостиварското село Пожаране. По К.Ј.(80) се трагало вчера до ноќните часови.

– Во активностите за пронаоѓање на К.Ј., покрај полициски службеници на СВР Тетово, вклучени се и екипи од МВР со кучиња трагачи, како и хеликоптер, велат од СВР Тетово.

Слични содржини