Се трага по лице кое се фрлило во Вардар од мостот Близнак

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

На ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар, информираа пред малку од Центарот за управување со кризи.

На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини