Подрачјето на Шибеник во Хрватска околу 20 часот беше погодено од земјотрес.
Според „EMSC“, земјотресот бил со јачина од 3,3 степени. Епицентарот бил на 18 километри од Шибеник.
„Се почувствува неколку секунди“, „Слаб гром, а потоа краток удар“, „Повеќе како татнеж и силен гром, се тресеше малку кон крајот, околу 20 секунди“, „Пет секунди вибрации“, наведоа некои интернет корисници на веб-страницата „EMSC“.
„Многу се тресеше. Не е пријатно чувство“ и „Добро тресење“ беа дел од коментарите на други луѓе.