551
Утрово беа почувствувани серија земјотреси на територијата на Македонија. Првиот бил регистриран од епицентралното подрачје кај Лерин со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, во 01:52 минути по македонско време.
Бил почувствуван и земјотрес со јачина од 3,1 степен по Рихтер утрово околу 3 часот во Грција во близина на границата со Северна Македонија, а еден час подоцна регистриран е уште еден земјотрес од 2,8 степена по Рихтер на истата локација и со ист епицентар во близина на Лерин.
Епицентарот на земјотресот е на грчко-македонската граница, на длабочина од 2 километри, според информациите од ЕМСЦ.