411
Кантри пејачот Даниел Ли Мартин изврши самоубиство, пренесуваат американските медиуми.
Мартин, обвинет за повеќе случаи на злоставување дете, се самоубил со огнено оружје во својата куќа на Флорида.
Печајот на крајот на јануари бил уапсен откако едно дете, чие име и пол не се објавени, им раскажало на родителите дека пејачот му го покажувал својот полов орган и фотографии од филмови за возрасни.
Пејачот има издадено повеќе албуми и имал 54 години. Пред самоубиството не се изјаснил за обвинувањата.