Се удави позната актерка, глумеше во Law & Order и NYPD Blue

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Мери Мара, актерката најпозната по улогите во телевизиските серии „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „NYPD Blue“, почина на 62-годишна возраст.

„Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознал. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Mad Forest на Бродвеј во 1992 година. Таа беше духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостасува“, рече нејзиниот менаџер Крег Дорфман, пренесува Си-Ен-Ен.

Според соопштението на њујоршката полиција, во неделата, нешто по 8 часот по локално време во градот Кејп Винсент, каде живеела актерката, добиле повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле нејзиното безживотно тело во реката Сен Лоран.

„Телото на Мери беше пронајдено утрото во нејзината сакана река. Таа се удавила додека пливала“, изјави портпаролот за медиумите за Fox News Digital. Допрва треба да се изврши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта.

Актерката беше мажена и зад себе остави ќерка.

Слични содржини