276
АМСМ информираше дека од утрово е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патните правци Крива Паланка – Деве Баир и Битола – Ресен, на превојот Ѓавато.
„Од 09:10 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓават, а од 09:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир“, се вели во соопштението од АМСМ.
Според АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила со приколка има на кракот Маврово-Дебар.
Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.