Се укинуваат ковид-мерките, маските и натаму задолжителни во одредени места

од Берта Китинска
232 прегледи

Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој посочува дека одлуката на Владата следи по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава.

– Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од Ковид-19, напиша Груби.

Слични содржини