Се унапредува соработката во земјоделството меѓу С. Македонија и Бугарија

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска одржа работна средба со министерот за земјоделство на Република Бугарија, Јавор Гечев.

Двајцата министри истакнаа дека денешната работна средбата помеѓу двете министерства е показател, за заедничко унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија во областа на земјоделството.

Меѓусебната соработка е потврдена и зајакната преку потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу двете министерства, за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралниот развој и шумарството. Овој Меморандум беше потпишан на 25 јануари 2022 година, за време на втората заедничка седница меѓу владите, која се одржа во Софија.

На средбата двајцата министри разговараа и за зајакнување на меѓусебната размена на земјоделско – прехранбени производи на пазарите во двете држави, особено во услови на светска криза, со цел обезбедување доволни количини на храна за граѓаните во двете држави.

Слични содржини