Се урна американски воен хеликоптер, потврдена смртта на петмина маринци

од Stefanija Kuzmanovska

Американската војска денеска ја потврди смртта на петмина маринци од хеликоптерот кој се урна во планините во близина на Сан Диего поради невреме.

Хеликоптерот Super Stallion исчезна од радарите во вторникот вечерта додека се враќаше во базата на маринскиот корпус во Мирамар, Сан Диего, по тренинг лет северозападно од Лас Вегас, јавува АП.

Авионот бил пронајден во средата наутро во близина на планинското одморалиште Пајн Вали.

Слични содржини