Се урна авион со 191 патник во Индија: Пилотот загина, по 60 лица се трага (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Авион „Ер Индија експрес“ што леташе од Дубаи се урна на аеродромот „Каликат“ во Индија. Според светските медиуми, авионот пренесувал 191 патници.

Според првите информации, пилотот загинал, а најмалку 60 лица се наведени како исчезнати.

Според локалните медиуми, авионот слетал лошо, а потоа се лизнал на пистата и наводно се преполовил.

Се претпоставува дека причина за трагедијата е пороен дожд.