287
Малку пред 13:00 часот на аеродромот во Пула се урна мал приватен авион и во несреќата загинаа две лица.
Неофицијално се дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување, пишува „Јутарњи лист“.
Во авионот имало маж и жена.
Се претпоставува дека се од Германија, со оглед на тоа дека авионот бил со германска регистрација.
На аеродромот се испратени бројни екипи на пожарникари и брза помош.