Најмалку 4о лице загинаа утрово во падот на руски товарен авион Ан-12 во главниот град на Јужен Судан. Член на екипажот едно дете и патник ја преживеале несреќата, изјавил портпаролот на претседателската палата за Ројтерс. Агенциите велат дека во авионот имало 12 патници
В о авионот некои медиуми јавија дека имало околу 20 лица, од кои 10 до 15 биле патници, а од нив петмина биле руски екипаж.Има загинати и на земјта од падот на авионот.
Според податоците на локалните медиуми, авионот полетал, но на 800 метри од аеродромот во градот Джуба е потонал на земјата. Друг извор тврди дека несреќата се случила откако авионот направил круг пред слетување.
Поседна информација е дека жртвите на авионската несреќа во Судан, од товарниот Ан-12, управуван од руски екипаж се урнал при полетувањето од аеродромот во градот Джуба се 40, соопшти Reuters, повикувајќи се на локалното радио Мирај.Се појавија и првите снимки од местото на несреќата. Се потврдува информациите за преживеани, овој пат информацијата е за тројца, едното е дете.