Се урна зграда во Јордан, има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку пет лица загинаа при уривање на четирикатна станбена зграда во јорданската престолнина Аман, соопштија властите.

Спасувачките служби успеале да извлечат еден преживеан од урнатините, а се верува дека уште најмалку десет се заробени.

Најмалку 25 луѓе се наоѓале во станбената зграда во Аман кога се урнала во вторникот.

Амер Сартави, портпарол на безбедносните сили, изјави дека осум лица се повредени.

Полицијата истражува зошто се урна зградата во Џабал ал-Веибде, постар кварт на јорданскиот главен град кој е популарен кај побогатите жители и иселениците, но вклучува и некои посиромашни области.

Слични содржини