6
До 07:00 часот утрово во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор од кои два се активни, а три се под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, изгаснати се 20 пожари.
Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Сарај 2, с. Радуша кон село Дворце каде е зафатена ниска вегетација, Општина Арачиново каде, исто така е зафатена ниска вегетација и во Општина Демир Хисар, село Мало Илино каде пожарот зафати дабова шума.