Сè уште чекам информации колку ботови има на Twitter, вели Маск

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, на Економскиот форум во Катар изјави дека се уште има некои „нерешени прашања“ во врска со Twitter и дека се уште чека информации за тоа колку ботови има на платформата на таа социјална мрежа.

Во интервју за „Блумберг“ на економскиот форум во Доха, Маск рече дека не мисли дека ќе има некакви проблеми во балансирањето на интересите на „Tesla“ во Кина и идното купување на Twitter.

„Twitter не функционира во таа земја, а Кина не се обидува да се меша во слободата на говорот во американските медиуми, колку што знам“, изјави Маск.

Слични содржини