Сè уште е тајна кои членови на Владата се под истрага

од desk2
97 прегледи

Сè уште нема детали кои владини функционери се под истрага за корупција. Откако премиерот Зоран Заев изјави дека две лица од неговиот кабинет се под истрага за корупција, Владата не даде никаква дополнителна информација бидејќи истрагата е во тек. До овој момент не се знае кои се тие функционери, ниту за каква корупција станува збор, па ниту во која институција се наоѓа предметот. Од Основното јавно обвинителство кратко одговорија:

„Согласно член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија кои се преземаат во предистражната постапка од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија се сметаат за тајни и не можат да се споделат со јавноста“. – соопштија од Јавно обвинителство на Република Македонија

Алсат М се обрати со прашање и во Специјалното јавното обвинителство кое исто така не кажува дали истрагата се врши во рамките на оваа институција. Единственото што се знае е дека овие постапки започнале со претставки на граѓани. Сепак, експертите го сметаат како позитивен чекор фактот што премиерот јавно се изјасни дека двајца членови во Владата се под истрага, нешто што не било случај порано. Тие се надеваат дека последните постапки на премиерот Заев со кои покажа транспарентност се искрени и дека постапката ќе оди до крај. Поранешниот министер Ненад Новковски дури очекува сите актуелни и поранешни функционери вклучени во криминал да се соочат со правдата.

Последните меѓународни извештаи ја опишуваат Македонија како „заробена држава“. А поради недовербата во институциите и неспроведувањето на Законот за свиркачи, се помалку се пријавуваат случаи на корупција. Неколку пати, организациите како „Институтот за демократија“ и „Транспаренси интернешенел“, соопштија дека земјата ќе биде во состојба да ја сузбие корупцијата само тогаш кога судството ќе се ослободи од канџите на политичарите./Алсат М