Се уште гори товарниот брод крај брегот на Холандија, превезувал 3.000 автомобили (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Пожарот на панамскиот товарен брод „Фрементeл“, кој се запали крај брегот на Холандија, северно од Амеланд, не е изгаснат, а бродот се уште е на површината.

Едвин Гранеман од крајбрежната стража за NOS Radio 1 изјави дека на бродот се уште е исклучително топло, има оган и чад, а наутро ќе полета авион на крајбрежната стража за да провери дали температурата паднала.

Како што наведе, може да поминат неколку дена пред да се изгасне пожарот. Кризниот тим на крајбрежната стража и компанијата за опоравување ќе се состанат денес за да разговараат за различни сценарија, пишува NL Times.

Според локалните власти, постои голем страв дека бродот ќе се преврти и потоне, што може да значи дека дел од товарот од 3.000 автомобили ќе плови кон островите Ваден, за кои велат дека се светско наследство.

Како што соопшти во средата холандската крајбрежна стража, едно лице загина, а неколку други се повредени откако претходната вечер избувна пожар на панамскиот товарен брод „Фремантел“ кај брегот на Холандија.

Сите 23 членови на екипажот се евакуирани, но не е прецизирано колку се повредени, бидејќи крајбрежната стража објави дека „има многу повредени“, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини