9
Пјер-Емерик Обамејанг ја напушти Ал-Кадисија по само една сезона со тимот од Саудиска Арабија.
„Ти благодарам, Оба. Ти посакуваме се најдобро“, се вели во соопштението на клубот на социјалните мрежи.
Поранешниот играч на Арсенал, Челси, Марсеј и Борусија Дортмунд се приклучи на Ал-Кадисија откако тимот избори промоција во првата лига.
36-годишниот репрезентативец од Габон постигна 21 гол и имаше три асистенции во 36 настапи во сите натпреварувања за Ал-Кадисија.
Минатата сезона, тимот заврши на четвртото место во лигата и стигна до финалето на домашниот куп, каде што беше поразен од Ал-Итихад.